Македонија
8. September 2019 - 11:55

Две деца каснати од кучиња во Скопје

Вчера во 19,30 часот во Полициското одделение С.П.(49) од Скопје пријавила дека во с.Средно Коњари нејзиниот 13 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница и на левата рака.

Истиот ден во 10,30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари Ш.О.(31) од Скопје, пријавил дека на улицата “Че Гевара“ неговата ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата нога.