Две членки на „Пуси Рајот“ се приведени поради протести во Сибир

Руската полиција приведе денеска две членки на панк-рок групата „Пуси Рајот“, откако претходно одржале протест во знак на поддршка за уапсениот украински режисер во сибирскиот град Јакутск.
Марија Алјохина, едно од членките на групата која и претходно е апсена поради протести против рускиот претседател Владимир Путин, напиша на нејзиниот Твитер налог дека, со другата членка Олга Борисова,е приведена во Јакутск.
Алјохина во објавата наведува дека тие се одведени во полициска станица откако вчера протестирале во знак на поддршка за режисерот Олег Сенчов, кој издржува 20-годишна затворска казна, откако е осуден за терористички дејствија во Јакутск.
Борисова на истата социјална мрежа објави видео направено во полициско возило, при што напиша дека ги пренесуваат во полициска станица под сомнение дека извршиле административен прекршок бидејќи одржале неодобрен собир.
Алјохина вчера објави фотографии и видео од краткиот протест на групата на мостот, при што случајот на Сенчов беше наречен „еден од клучните политички случаи во историјата на земјата“.
Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин го поздрави нивниот протест.
- Почит за „Пуси Рајот“ поради изградбата на мастот на слободата во Јакутск, наведе тој на неговиот Твитер налог.
Сенчов е осуден за организирање на подметнатиот пожар во просториите на прокремаљската партија на Крим откако Русија го присоедини полуостровот во март 2014 година.
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
