Дванаесетта пол – позиција сезонава за Верстапен
Светскиот првак во Формула 1, Макс Верстапен, ќе стартува од пол – позицијата на трката со која утре во Абу Даби ќе биде означен крај на сезоната во Формула 1.
Холандскиот возач во болидот на Ред Бул уште еднаш доминираше во квалификациите и дојде до својата 12 пол – позиција оваа сезона, а вкупно 32 во кариерата. Со тоа Верстапен се израмни со легендрниот Најџел Менсел на седмото место во оваа статистичка категорија.
Второ најбрзо време на денешните квалификации имаше Шарл Леклер (Ферари), а од третата позиција ќе стартува Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен). Вториот ред ќе го комплетира возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Утрешната трка за Големата награда на Абу Даби стартува во 14 часот по средноевропско време, а во генералниот пласман со 549 бодови води Верстапен, кој одамна ја обезбеди титулата светски првак.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
