Свет
7. July 2016 - 9:34

Дванаесет војници загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Либија

Дванаесет припадници на либиските сили лојални на генералот Калиф Хафтар загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба во Бенгази.

Хафтар е командант на силите, под контрола на владата со седиште во источна Либија, кои се борат против исламските екстремисти во тој регион.