Дванаесет повредени во експлозија на гас во предградие на Отава
Во експлозија на гас во предградие на Отава, главниот град на Канада, повредени се 12 лица, меѓу кои две деца, а две лица со тешки повреди морале да бидат извлечени од урнатините, соопштија официјални претставници.
Во експлозијата што се случи утринава по локално време, целосно се уништени четири куќи во изградба, а оштетени се и околните куќи.
Според официјалните претставници, експлозијата се случила во 6:18 часот, а пожарникарите морале да употребат моторна пила за да пробијат до една од закопаните жртви. Три часа подоцна успеале да спасат уште едно лице „кое било опкружено со огромно количество отпад“.
Пожарникарите соопштија дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас, а полицијата го истражува случајот.
Меѓу шесте лица кои веднаш биле пренесени во болница има две деца. Двајца мажи имаат сериозни повреди, но се во стабилна состојба, соопшти болничкиот персонал.
Уништените куќи ги изгради компанијата „Минто Груп“, која соопшти дека обезбедила привремено сместување за дел од раселените по експлозијата. Компанијата, како што соопштија нејзините претставници, соработува со истражните органи.
Ново на Сител
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
