Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп - Градско

Две лица загинале а едно било тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп - Градско пред клучката за Кавадарци, потврдија од Брза помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на лице место.
Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, појасни дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице на 39 години од Прилеп од другото возило, било транспортирано во тешка здравствена состојба до Општа болница Кавадарци со тешки повреди.
Повеќе информации засега не можеа да дадат.
Лица што случајно се нашле во близина велат дека Итната медицинска помош и Противпожарната дошле најбрзо што можеле на лице место. Пожарникари го ваделе преживеанот,о но тешко повредено лице од еден од автомобилите и со Брза помош било пренесено на лекување.
МИА
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
