-->
-->
Двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Карбинци - Штип
-->

На регионалниот пат Карбинци - Штип вчера во 16.35 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки управувано од В.М.(26) од Штип и патничко возило „сеат толедо“ со штипски регистерски ознаки управувано од Ц.Н.(42) од Пробиштип.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката во „сеат толедо“ К.Г. (61) при што со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Клиничкиот центар-Штип каде им била укажана лекарска помош и биле задржани на понатамошно лекување. Поради сериозноста на повредите Ц.Н. бил пренесен во Клиничкиот центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
