Двајца скопјани се заканувале со рачна бомба во полна дискотека
Двајца жители на Скопје синоќа по полноќ се заканувале дека ќе активираат рачна бомба во дискотека во центарот на градот, но за среќа бомбата била одземена навреме.
Полицијата го потврди случајот и како што информираат околу 1 часот и 25 минути во угостителски објект на бул. „Кузман Јосифовски - Питу“ полициски службеници лишиле од слобода двајца жители на Скопје на возраст од 44 и 45 години. Непосредно пред тоа по претходно недоразбирање со менаџерите на објектот тие сакале да фрлат рачна бомба кон нив во објектот. Лицата се приведени во полициска станица, а неексплодираната бомба е обезбедена и подигната од Единицата за антитероризам. Нема повредени лица или било какви оштетувања а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
