-->
-->
Двајца рудари затрупани во рудник во Јужна Кореја преживеале девет дена со помош на инстант кафе
-->

Двајца рудари кои поминаа девет дена заробени во урнатиот рудник за цинк во Јужна Кореја, беа спасени и преживеаја благодарение на инстант кафе.
Мажите на возраст од 62 и 56 години се стоплиле така што палеле оган и направиле шатор од пластика.
Тие се спасени доцна синоќа и хоспитализирани. Би-Би-Си пренесува дека се во стабила здравствена состојба.
Властите соопштија дека рударите преживеале пиејќи вода што капела од таванот и користеле инстант кафе за оброци.
Тие останаа заробени на речиси 200 метри под земја, откако на 26 октомври се урна дел од рудникот за цинк во кој работеа во Бонгва, на истокот на земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
