Двајца повредени во судар на автомобил и трактор
Две лица биле повредени, од кои едното потешко, при сообраќајната несреќа која синоќа околу 19 часот се случила на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.
Од МВР информираат дека во незгодата во месноста викана „Антена”, учествувале патнички автомобил и трактор со приколка, а двете возила биле со ист правец на движење.
- Што се однесува до автомобилот, станува збор за „форд ескорт” со кавадаречки ознаки, сопственост и управуван од С.А. роден 1964 во Неготино, жител на Кавадарци. Возачот бил телесно повреден. Тракторот бил со приколка, марка ИМТ 533, без регистарски таблички, управуван од Љ.К, роден 1996 година во Кавадарци. Трактористот се здобил со тешки телесни повреди, соопштуваат од МВР.
Увид на местото на нaстанот извршиле полициски службеници по овластување од обвинителството од Кавадарци.
Ново на Сител
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија