-->
-->
Двајца мртви и десетици повредени во судир на два патнички воза во Чешка
-->
Две лица загинаа, седум се во критична состојба, а 31 се повредени во судир на два патнички воза во близина на чешкиот град Гомазлица, на запад од земјата, соопшти денеска чешката агенција ЦТК.
Британските медиуми пренесуваат дека чешкиот министер за транспорт Карел Хавличек на Твитер објави дека еден од возовите што се судриле бил возот Екс 351, што, според наводите на Чешки железници, е брзиот воз на релацијата Минхен-Прага.
Чешката полиција на Твитер објави дека „може да потврди дека во железничката несреќа две лица го загубиле животот“, јавија француските медиуми во првите вести за железничка несреќа во западна Бохемија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини