Двајца малолетници и скопјанец осомничени за крвничкото тепање во Гостивар

Полицијата го расчисти насилниот настан во Гостивар, откако на социјалните мрежи беше објавено видео од тепачката.
На 2 август, 22-годишниот А.В. пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот на улицата „Борче Јованоски“, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од тројца мажи, кои употребиле тврди и дрвени предмети.
По преземените мерки и координација со јавен обвинител, полицијата ги идентификувала сите тројца учесници. Двајца од нив се малолетници од Гостивар, кои биле повикани на службен разговор, а по наредба на обвинител им биле одземени патните исправи.
Третиот осомничен е 20-годишниот В.Д. од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.
По целосното документирање на случајот, лицата ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
