Двајца малолетници и две женски лица на 19 и 41 година приведени за престрелката во Тетово

Тетовската полиција денеска информираше дека по пукањето во неделата, вчера приведени се четири лица од кои две се малолетници и две женски лица на 19 и 41 година.
Полицајците направиле и претрес пред приведувањето при што се најдени и предмети од интерес на истрагата.
- На 11.08.2025 во периодот од 12:50 до 15:00 часот во с. Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка која се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с. Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.
При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с. Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката, соопшти СВР Тетово.
Во неделата по престрелката помеѓу двете групи во населбата Блок 82 во Тетово беше најден еден убиен. Освен тоа двајца мажи на возраст од 32 и 37 години беа ранети во граден кош, девојче на 12 години рането во натколеница, а случаен минувач удрен со возило по што му е скршена ногата.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
