-->
-->
Двајца крадци ограбиле продавница во Скопје
-->

Две непознати маскирани лица изутринава во 5.10 часот во продавница на улицата „Орце Николов“ во Скопје извршиле разбојништво во обид.
Како што соопшти денеска МВР, сторителите влегле и му се заканиле на вработениот дека ако не им ги даде парите од касата ќе го истепаат. Откако вработениот одбил да им ги даде парите и им пружил отпор, физички го нападнале удирајќи го по главата и телото, по што избегале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
