-->
-->
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-->
Денеска (15.06.) во СВР Велес пријавено е дека околу 02.00 часот, на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Скопје, односно пред приклучокот од Велес кон Скопје, патничко возило „Фолксваген тирок“, управувано од Ф.Ф.(32) од Република Косово, излетало надвор од коловоз, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Ф.М.(25) од Република Косово, а констатирани во Општата болница Велес, по што поради сериозноста на повреди биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По насоки на надлежен ЈО извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите