Двајца државјани на Германија казнети за употреба на лажни ПЦР тестови
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против маж и жена, државјани на Германија по потекло од Косово, кои се товарат за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Јавното обвинителство, на 22 февруари, на Меѓународниот аеродром Скопје, на граничниот премин при излез од државава, пред овластените службени лица за проверка на пасошите, двајцата сопружници употребиле лажни потврди за негативни ПЦР-тестови за Ковид-19. Иако знаеле дека потврдите на кои стоело дека се издадени од една лабораторија во Скопје се лажни, тие ги прикажале како вистински.
– По признание на вината, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда за двајцата обвинети, огласувајќи ги за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку обвинетите за време од пет години не сторат ново кривично дело. Во исто време, на обвинетите им е изречена и казна – протерување од територијата на Република Северна Македонија во траење од пет години, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
