Двајца браќа од Батинци прободеле маж и со пиштол го мавале по глава
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа од Батинци за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.
Како што информираат од Јавното обвинителство, двајцата осомничени, на возраст од 40 и 44 години, на 2 март во кафе бар во селото Батинци, извршиле грубо насилство и телесно повредиле едно лице.
-Додека оштетениот седел во објектот со уште други две лица, осомничените влегле и веднаш се упатиле кон него. Едниот со нож, а другиот со пиштол во раката, започнале да го пцујат и да му се закануваат на оштетениот. Тој почнал да бега, но двајцата осомничени го стигнале во близина на угостителскиот објект, му нанеле убодна рана со нож и повеќепати го удриле со пиштолот во пределот на главата. Кај сведоците на настанот со тоа предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Јавниот обвинител оценувајќи дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-

Груевска Илиевска: Без ред нема судење, сите обвинети имаат право на бранители
-

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините
-

Вучиќ: Оваа година одиме на избори
-

Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
-

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
-

Наунов: Го почитуваме значењето на адвокатурата, затоа очекуваме професионалност и почит кон болката и траумата на семејствата
-

Зголемено нивото на повеќе реки
-

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не се решение, ќе го нарушат протокот на стоки и снабдувањето
