Дваесет и тригодишник тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман
Дваесет и тригодишник бил тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман, рано утрово, за МИА потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед во кавадаречката болница.
– Момчето беше во кома кога го донесоа во болницата. Имаше повреди на глава и повреди на граден кош. Успеавме да го одржиме во живот, се воспостави нормална активност на срцевобелодробен систем и го упативме на клиника во Скопје, во Ургентен центар, рече докторот.
Од МВР потврдија за МИА дека околу еден часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман кај село Манастирец патничко моторно возило ,,ауди” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 23 годишен кавадарчанец, излетало надвор од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа при кавадаречката полиција.
Ново на Сител
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско
-
Скопје: Жена нападната од нејзиниот сопруг
-
Кривична за директорка на средно училиште во Делчево