Дваесет и пет деца Роми од Кочани годинава за првпат ќе тргнат на училиште
Вкупно 25 деца Роми од Кочани кои досега не биле вклучени во образовниот процес од годинава за првпат се запишани во училиште.
Со тоа успешно се завршени активностите од проектот „Сите заедно на училиште“, што се реализираше во изминатите седум месеци, а беше наменет за децата од ромската популација.
Носител на проектот беше Здружението на Роми „Авена“ од Кочани во соработка со други невладини организации и педагошко-психолошките служби од основните училишта „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“.
- Задоволни сме од постигнатите резултати, затоа што опфативме голем број од децата кои го пропуштиле рокот за упис во прво одделение. Во „Раде Кратовче“ успеавме да запишеме 19, а во „Малина Попиванова“ запишавме уште шест Ромчиња. Со проектот за нив обезбедивме и училишен прибор што ќе им го поделиме по започнувањето на наставата, истакна Драганчо Георгиев, претседател на здружението „Авена“.
Во изминатиот период биле остварени стотина средби со претставници од училиштата и посети на ромските семејства, при што е реализирана едукација на родителите за неопходноста од образование на нивните деца. Освен тоа, изработен е и водич со конкретни мерки, препораки и заклучоци за успешна реализација на активностите.
Проектот „Сите заедно на училиште“ е финансиран од Европската Унија, како подгрант од програмата „Градење посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
