-->
-->
Два шумски пожари беснеат на територијата на Македонија
-->

Два шумски пожари беснеат на територијата на Македонија.
Првиот е пријавен вчера околу 09:45 часот во Полициската станица Гостивар. Шеесет и пет годишниот С.П. од село Печково, гостиварско, пријавил шумски пожар над село Печково, кој зафатил негова приватна шума со костени околу 3.000 метри квадратни, како и дабова шума во сопственост на шумското стопанство- Гостивар. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
Истиот ден, попладнето околу 14:15 часот, вработен во Центарот за управување со кризи Струмица пријавил дека над село Габрово на планината Беласица, има шумски пожар во кој гори букова и габерова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
