Два самоубиствени напади во предградие на Анкара

Двајца бомбаши-самоубијци утрово детонираа експлозив и се разнесоа во својот автомобил, во јужното предградие на Анкара, а откако полиција ги повика да се предадат.
Турската новинска агенција Анадолија наведува дека напаѓачите се подготвувале да изведат напад со автомобил-бомба.
Гувернерот на Анкара Ерчан Топача изјави дека полицијата вчера добила информација оти во тоа подрачје се одвиваат сомнителни активности. Тој за локалната телевизија изјави дека во инцидентот учествувале најмалку двајца напаѓачи, од кои една жена и оти обајцата се идентификувани. Се верува дека постои и трет напаѓач, кој во моментот е во бегство.
- На самото место пронајдени се 200 килограми материјал за правење експлозив, изјави Топача. дополнувајќи дека засега не е познато што требало да биде цел на нивниот напад. Напаѓачите се обиделе да не бидат сомнителни со тоа што на возилото поставиле турски знамиња, кои ги купиле во последните два дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
