Фудбал
19. February 2023 - 20:05

Два гола на Рашфорд за нова победа на Манчестер Ј.

Драматично и возбудливо беше во денешното дерби од француското првенство помеѓу ПСЖ и Лил кое му припадна со резултат 4-3 на домашниот тим. 
Светците добро го започнаа мечот и водеа со головите на Мбапе и Нејмар со 2-0, но до крајот на првиот дел гостите постигнаа гол за неизвесност што и се потврди во вториот дел кога Давид и Бамба набрзина го свртеа резултатот во корист на Лил со 2-3. 
Проблем за ПСЖ беше и незгодната повреда на Нејмар кој го напушти натпреварот пред време но сепак францускиот шампион не се откажа и преку Мбапе израмни на 3-3. 
И кога сите очекуваа крај на мечот  Меси со прекрасен гол од слободен удар донесе победа за неговиот тим кој успешно го брани шампионскиот трофеј.