-->
-->
Душебаев: Играм за победа на Вардар
-->

Во сабота во Скопје гостува ракометниот европски шампион Келце. Екипа која со македонскиот првак Вардар е на делба на првата позиција во групата Б.
Двете екипи во последното одиграно коло претрпеа порази, Вардар на гостувањето кај Загреб, а Киелце дома од Рајн Некар Ловен. Воедно ова е првиот од четирите дуели на македонскиот првак во серија со екипите што конкурираат за првата позиција во групата.
На денешниот прес тренерот Раул Гонзалез изјави:
- Очекувам добар и квалитетен натпревар. Киелце е одлична екипа со добра одбрана и мора да ги запреме нивните контри. Затоа мора и ние да одиграме добра одбрана. Имаме уште два тренинга, по кои ќе решам кои играчи ќе настапат, а сите се здрави. Воедно очекувам и полна сала.
Во следната сезона „црвено-црниот“ дрес на Вардар Алекс Душебаев ќе го замени со жолтиот на Киелце, каде тренер е неговиот татко Талант.
- На терен играм за победа за Вардар. Сите 60 минути мислам само на победа за својата екипа. Сепак, ова ќе биде тежок натпревар Киелце е европски шампион. Ние се бориме за првото место во групата и да се пласираме директно во четвртфиналето. Киелце имаат добри играчи на секоја позиција и мора да внимаваме да немаме грешки тоа е најважно, за да немаат тие лесни голови, изјави Алекс Душебаев.
Натпреварот Вардар – Киелце се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот, а денеска од оваа група играат Рајн Некар Ловен – Загреб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
