Дуковски: Здравствената состојба на Бојан Јовановски не се подобрува

Здравствената состојба на Бојан Јовановски-Боки13, обвинет во случајот „Меѓународен Сојуз“ не се подобрува, туку се влошува, истакна неговиот бранител адвокат Сашо Дуковски. Тој по одлуката да се одложи денешното рочиште, пред новинарите истакна дека раната на неговиот клиент не му зараснува.
– Се работи за керотизирано ткиво, односно зацврстено ткиво кое што секое т.н. крпење на желудникот е тешко и не случајно некој човек и затоа што е здрав се држи во болнички услови затоа што ни од далеку истото не може да се спроведе во затворот „Скопје“, изјави адвокат Дуковски пред Кривичниот суд.
Заради влошената здравствена состојба на обвинетиот Јовановски, одбраната поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор со мерката куќен притвор. Но, едно вакво барање како што истакна адвокатот Дуковски, вчера им било одбиено.
– Едноставно човек што е опериран од таква болест и со таква операција не може да биде третиран во најсериозните демократии во светот во затворски услови, а не во затворот „Скопје“. И затоа вчерашното одбивање на мерката замена за притвор не претставува ништо друго, туку претставува чист и најчист облик на кривично дело тортура предвиден во Кривичниот закон, истакна адвокатот Дуковски
Иако вчера им било одбиено на барањето за замена на мерката притвор, одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, во тек на денешниот ден ќе поднесе уште едно барање за замена на мерката притвор, со мерката куќен притвор.
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
