Македонија
10. December 2024 - 16:53

ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите

Преку соопштение со една реченица од ДУИ порачаа дека ја почитуваат одлуката на Стејт Департментот. Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста, стои во соопштението ден откако високиот партиски функционер Артан Груби се најде на црната листа на САД

Груби беше главната причина поради која Изет Меџити ја напушти ДУИ пред повеќе од една година и го формираше Демократското движење. Денеска вели дека САД го потврдиле тоа што тој го зборува со месеци.

Го повика Ахмети да ја признае грешката што го штитеше Груби, а членството на ДУИ да го напушти бродот кој тоне. 

Оставки од членовите на Судскиот и Советот на јавни обвинители е најморален чин кога судија е вмешан во корупција, вели претседателката Сиљановска. Ги повика надлежните институции да ги испитаат и да постапат по сите сомнежи за сторени криминали и за Груби и за Беџети.

Во следниот период ќе има уште многу потврди за криминалот на претходната власт, најавува и премиерот Мицксоки.

Одлуката на Стејт Депарментот ја поздравуваат и од СДСМ, партијата која пред 4 години воведе нова функција – прв вицепремиер, функција која ја држеше Груби до последниот ден од нивниот мандат.

Груби и Беџети да се повлечат од јавниот живот и политиката и да се соочат со обвиненија, вчеравечер побара и Зијадин Села, кој важи за близок соработник на Ахмети и чија партија на последните избори беше дел од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.