Македонија
30. јуни 2025 - 16:32

ДУИ ќе бара кривични за пописот - ВРЕДИ обвинува за предавство

Вреди обвинува за намалување, фронтот на ДУИ се фали дека со пописот го зголемиле бројот на Албанци во земјава. Одлуката на Уставниот суд да ја укине методологијата која иселениците ги броеше како нерзеидентно население денеска доби поддршка од коалицијата на ДУИ. Оттаму сега сметаат дека сите иселеници се дел од населението на Македонија.

Се заканија со кривични пријави за нерамномерна распределба на буџетските средства во општините.

За ВРЕДИ, бришењето на дијаспората со пописот е тешко предавство

Премиерот Мицкоски веќе понуди решение за надминување на ситуацијата. За поквалитетни бројки тој понуди електронски попис заедно со избори во една изборна единица на кои би и се дало право на глас и на дијаспората.

Но за СДСМ електронскиот попис би можел да биде проблем.

Уставниот суд минатата недела ја укина методлогијата со која иселениците се попишуваа како нерзидентно население. Од друга страна, резултатите од пописот покажаа дека во одредени општини значително се намалил бројот на резиденти што го спушти и бројот на советници во општините.

Станува збор главно за општини каде доминатно живеат етнички Албанци а најтипичен пример е Гостивар каде на овие избори бројот на гласачи се намали за 26.000 што е речи си 30% па поради тоа, новиот општински совет ќе брои дури 8 советници помалку.