ДУИ избра претседатели и членови на локалните совети во 10 ограноци
Демократската унија за интеграција денеска организираше директни партиски избори во 10 партиски ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети.
Претседателот да ДУИ Али Ахмето на прес-конференција од партиското седиште во Тетово информираше дела се избрани претседатели и членови на локалните совети во ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино. На изборите биле пријавени 10 423 членови во 10 ограноци на ДУИ, од кои гласале 75 отсто.
– Овој ден е многу важен за ДУИ. Следните две децении ДУИ ги започнавме со водење на целосно демократски процес со непосредни избори и овој процес нема да застане тука, туку ќе продолжи и во другите ограноци, правејќи ја ДУИ и нејзините граѓани уште посилни и подемократски, поодговорни со единствена цел за да бидеме на граѓаните, за граѓаните и со граѓаните, рече Ахмети.
Во огранокот во Боговиње за претседател е избран Бесник Емшиу, во Брвеница – Еркин Јахи, Чашка – Нафи Дурмиши, Долнени – Џемил Ќамили, Гостивар- валдет Џафери, Студеничани – Ејуп Абази, Теарце Нухи Незири, Тетово – Фатон Ахмети, Врапчиште – Неби Реџепи и во Желино е избран Емир Сулејмани.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
