-->
-->
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-->

ДУИ утрово го критикуваше присуството на претставниците од коалицијата Вреди во Вашингтон.
Нивните јавни изјави за некакви официјални покани за учество на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп претставуваат срамна измама и грд обид да се создаде илузија за меѓународна поддршка – велат од Мала Речица.
„Наместо да ги претставуваат достоинствено интересите на граѓаните, тие се појавија шетајќи по улиците на Вашингтон, објавувајќи гротескни фотографии на социјалните мрежи пред плакатите на церемонијата и владините објекти.
Оваа јавна фарса, платена со пари од даночните обврзници, е врв на манипулациите кои го карактеризираат овој политички субјект без визија, морал или одговорност кон граѓаните. “ – се вели во соопштението на ДУИ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
