ДУИ: 27 април никогаш да не се повтори
На годишнината од немилите настани во Собранието на 27 април 2017 година, Демократската Унија за Интеграција апелира до сите политички партии да се заложат дека 27 април повеќе нема да се повтори.
ДУИ го осудува говорот на омраза што се слушна за време на протестот организиран во недела во одбрана на обвинетите и осудените лица за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ.
Појавувањето на менталитетот од пред 2001 година не е и личи на едно мултиетничко општество и држава како што е Република Македонија бидејќи тоа го отежнува континуираното градење на доверба меѓу нашите народи.
Една од учесничките на овој протест за време на нејзиниот говор пред присутните рече дека за неа е неприфатливо осудените од 27 април да останат зад решетки и како што истакна, Терористите од војната во 2001 година да бидат дел од законодавната, извршната и судската власт.
Истата учесничка исто така рече дека луѓето кои го тероризираа собранието на 27 април 2017 година се патриоти, родољубиви луѓе и дефинитивно не треба да се третираат исто како Терористите од 2001 година.
ДУИ смета дека овие архаични и регресивни идеи треба да бидат осудени од сите учесници на протестот и истите да се дистанцираат за да не се идентификуваат со нив.
Демократската Унија за Интеграција беше, е и ќе остане посветена на функционирањето на земјата како што и прилега на земја-членка на НАТО и земја која во блиска иднина има за цел да стане дел од Европската Унија.
Демократска унија за интеграција
Ново на Сител
-
Рама: Почнавме со подготовките за Самитот на НАТО
-
30 дена притвор за Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Авионско прскање против комарци утре наутро во Скопје
-
ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Јаневска им го честита на учениците успешниот крај на учебната година и им посака пријатен распуст
-
Влада: Ниту повредените, ниту семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами
-
Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната