ДСЗИ: Од 16 јули до 13 ноември за Бојан Јовановски евидентирани 25 прегледи
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во рамки на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје. Надзорот, како што посочуваат од ДСЗИ следел по објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба.
Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на ден 16 јули, при што е прегледан и ординирана му е терапија. Во периодот од 16 јули до 13 ноември за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи, при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциерно ниво (болнички здравствени установи), информираат од ДСЗИ.
При тоа, како што се наведува, упатите се давани со претходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција.
Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостатоци во надлежности на ДСЗИ, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно