ДС: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот
Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не гласаат за законите предложени од Владата во врска со изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д, за да спречиме криминал со огромни димензии.
Владата бара по секоја цена да бидат изгласани петте закони во парламентот и тоа со европско знаменце, со што ќе се амнестираат од кривична одговорност министрите и потписниците на договорот со БЕХТЕЛ и ЕНКА.
Потсетуваме дека за злоупотребата на европското знаменце реагираше и Делегацијата на ЕУ во Скопје, што секако негативно ќе се одрази на нашите евроинтеграции.
Демократскиот сојуз алармира дека флагрантно кршење на начелото на владеењето на правото е прво да потпишете договор, а потоа врз основа на тој договор да ги менувате законите. Доколку пратениците гласаат, тогаш одговорноста паѓа врз нив, затоа што досега не го виделе договорот, а предупредени се дека договорот има коруптивни елементи, дека со решенијата во договорот можно е градбата на коридорите 8 и 10 д да поскапи и наместо 1,3 милијарди евра, да чини над 2 милијарди, пари кои треба да ги плаќаат граѓаните.
Договорот мора да биде усогласен со законите кои се на сила и за евентуалните пенали или поскапување на градбата, наводно поради можно пролонгирање на роковите, одговорност ќе сносат тие што го прифатиле и потпишале.
Инаку, Демократскиот сојуз инсистира, Договорот во интегрална форма до биде доставен до сите пратеници.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
