ДС реагира на одложувањето на седницата на Комисијата за политички систем

Демократскиот сојуз реагира на денешното одложување на седницата на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, на која требаше да се разгледа Извештајот на Специјалното јавно обвинителство.
- Разгледувањето на Извештајот на јавна седница беше добра основа да се види што сработило ова обвинителство, како се одвива соработката со судовите, Јавното обвинителство, како и со другите институции, се вели во соопштението од ДС.
Од исклучителна важност е, како што е наведено, да се процени дали има опструкции и кои институции ја кочат работата на СЈО.
Од Демократскиот сојуз очекуваат Комисијата наскоро да одржи седница на која ќе се донесат заклучоци за поддршка на СЈО, охрабрување да работи професионално, одговорно, неселективно и транспарентно, како и да се задолжат сите државни институции да соработуваат со ова обвинителство.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
