Државниот карантин се заменува со домашна изолација, ќе се утврдува протокол за државните граници
Владата попладнево на седница усвои и прецизен протокол за постапување при влез на сите македонски државјани во земјава, согласно кој задолжителен државен карантин за наши државјани кои од странство се враќаат со хуманитарни летови или конвои се заменува со домашна изолација доколку при влегување на територијата на нашата држава приложат негативен ПСР-тест на КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава.
Од денеска сите лица кои се спроведени во објекти за државен карантин на свој трошок може да направат ПСР-тест во објектот каде што се сместени и доколку резултатот е негативен да бидат упатени во домашна изолација.
Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата рече дека на предлог на МНР во соработка со Комисијата за заразни болести е подготвен протокол за странски дипломати акредитирани во земјава и членови на нивните семејства, доколку приложат потврда за негативен ПСР-тест направен 72 часа пред влезот, ќе можат тековно и непречено да ја извршуваат работата без упатување во домашна изолација.
Спасовски рече дека Комисијата за заразни болести е задолжена да направи јасна и прецизна проценка за отворање на државните граници и да подготват протоколи за влез и излез од земјава. Оваа одлука, рече, Владата ја прави во координација со земјите од регионот.
-Со секоја од нив имаме одлична комуникација која најавува дека многу бргу патувањето во регионот ќе биде регулирано во интерес на граѓаните на сите земји. Второ задолжение за Комисијата е да подготви соодветни протоколи за работа на хотели и за начин на работа со посетители и за работа, истакна Спасовски.
Посочи дека македонското здравство реагирало соодветно и навремено и оцени дека добро се справило со КОВИД-19, а сите одлуки на Владата, рече, се носат врз основа на стручни анализи и препораки.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица