-->
-->
Друловиќ: Ако се поправиме неефикасноста може да се надеваме на победа против Украина
-->

Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред двата последни натпревари во квалификациите за ЕП.
Прв противник в петок на „Филип Втори’’ е Украина, репрезентација која веќе го обезбеди своето место во баражот, а воедно селекција која во последните две кола може да стигне и до директен пласман на шампионатот во Франција.
Селекторот Љубинко Друловиќ смета дека доколку неговите избраници ја повторат играта од натпреварот против Шпанија, но и доколку ја поправат неефикасноста може да остварат победа против Украина.
„Украина е фаворит на хартија, но доколку бидеме дисциплирани во играта и го повториме она што го одигравме против Шпанија, можеме да се надеваме на позитивен успех. Секако, очекуваме и поголема поддршка од трибините која ќе ни биде и тоа како потребна за овој натпревар. атпреварот со Украина дефинитивно ќе ни биде многу позначаен од оној со Белорусија. Пред сѐ поради тоа што играме пред нашата публика и со евентуална победа би можеле да размислуваме за подобар пласман на табелата", изјави Друловиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
