Дрим билдинг: На Бојан во кеш му дадовме 350 илјади евра
Менаџерот на компанијата Дрим билдинг, Ресул Лога, кој денеска сведочи за случајот „Меѓународен сојуз“, рече дека на Бојан Јовановски во кеш му исплатиле 350 илјади евра како услов да бидат дел од проектот за изградба на старечки дом. Дополнително, на фактура на невладината, компанијата Дрим Билдинг, исплати уште 15 милиони денари, сведочеше менаџерот на фирмата.
Лога наведе дека верувале оти проектот ќе биде успешен.
- Довербата ја стекнавме дека имаше и луѓе од владата, како Фросина Ременски, на состаноците повремено присуствуваше и Александар Кирацовски и кога тие ги гледате имате доверба дека проектот ќе се реализира, изјави во судницата Ресул Лога.
На денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој освен Бојан Јовановски, обвинети се и неколкумина претставници на невладината, ќе сведочи и сопственикот на Дрим билдинг, Ардијан Амзоски.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
