Македонија
10. December 2021 - 15:59

Драма во Тетово: Жена со остар предмет прободела маж кај кого престојувала

Вистинска драма се случувала ноќеска во Тетово кога жена со остар предмет прободела маж кај кого престојувала.

- Ноќеска (10 декември) околу 1 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 44-годишната Л.Ѓ. и 58-годишниот Ф.Р., двајцата од Тетово, поради сомнение дека Л.Ѓ., претходно, во домот на А.Т.(60) во Тетово, каде престојувала заедно со Ф.Р., со остар предмет го повредила А.Т.. Тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид извршила екипа од СВР Тетово, а Л.Ѓ и Ф.Р. задржани се во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.