Македонија
27. April 2017 - 18:34

Драма во Собранието: Седницата прекината, пратениците не ја напуштаат пленарната сала

Откако претседавачот Трајко Вељановски го прекина 20. продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија претениците од СДСМ и албанските партии останаа во пленарната сала. Во салата се и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги повторија ставовите за гласање на нови избори и гласање за избор на претседател на законодавниот дом.

Пратениците од СДСМ станаа на своите места по побараната процедурална забелешка од Крсте Муковски од ВМРО-ДПМНЕ, по што тој започна со интерпретирање на химната на Република Македонија на што станаа сите пратеници и заедно ја испеаја.

https://

.be

На крајот од химната претениците од СДСМ почнаа со скандирање „гласање“, алудирајќи на изборот на претседател на Собранието, додека истовремено со скандирање „избори“ се огласија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Ибрахими Зеќирија од БЕСА во процедурална забелешка, му посочи на претседавачот Трајко Вељановски дека го прекршил собранискиот деловник со тоа што дозволил во времето за процедурални забелешки да се пее химната, која како што рече тој ја почитува затоа што е химна на државата, но дека и Алабанците имаат своја химна по што испеа дел од неа.

Вељановски продолжението на Конститутивната седница го најави за утре во 11:00 часот.