Македонија
29. January 2016 - 13:45

Драма во скопско Љубош: Волк нападнал овци, овчарот удрил со секира

Ноќеска во 01:54 часот по полноќ во полицијата било пријавено дека во скопското село Љубош, додека Д.Б. ги хранел овците бил нападнат од волк.

МВР денеска соопшти дека Д.Б. со секира го усмртил волкот, а тој се здобил со повреди при што е пренесен во Ургентен центар-Скопје.