Македонија
3. јуни 2018 - 13:58

Драма во Охрид: Следел малолетничка до дома, па почнал да ја допира по телото

Вчера во 12 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, 40-годишна жена од Охрид пријавила дека додека нејзината 16 годишна ќерка се враќала пеш кон нејзиниот дом, била следена од Н.Т од Охрид.

Тој ја следел до пред влезот од нивната зграда и таму истиот почнал да ја допира по телото.

Кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т. избегал од местото на настанот.

Известен бил Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.