-->
-->
Драма: Синот на Синан загрижен: Пуштете ме од затвор да се простам од татко ми
-->

Наследникот на Синан Сакиќ, Рашид тешко му падна тоа што неговиот татко се бори за живот во болницата во Тузла.
Синот на пејачот кој служи казна во затворот Падинска скела поради убиство, побарал дозвола да оди кај својот татко да се порсти од него.
- На Рашид тешко му падна кога дозна дека состојбата на Синан е критична откако му бил вграден стент меѓу жолчката уи црниот дроб. Иако тие двајца со години не зборуваат, оваа вест го заболела. Преку адвокатот упати молба да му дадат дозвола да отпатува до тузла со полициска придружба за да го види својот татко барем на половина час, открива изворот.
Тој вели дека Рашид се криви себе си за тоа што му се случило на неговиот татко.
- Се би дал да може да го врати времето и да ги поправи своите грешки. Сега сака да го види барем на половина час во болничката постела и да му каже се што му тежи. сака да се смири и се надева дека полицијата ќе му ја уважи молбата, завршува изворот на српски Курир.
Рашид Сакиќ следната година ќе биде пуштен на слобода. Синот на Синан е обвинет дека во 2002 година во лозница го убил својот пријател Драгољуб Деспотовиќ и се обидел да го ликвидира Радомир Лазиќ. Се обвинува за поседување на оружје и наркотици како и за нанесени тешки телесни повреди. Откако е во затвор, Синан го посетил само еднаш, за што и зборувал пред три месеци во јавноста
- Јас само еднаш во животот му бев во затвор. Му реков: Секој нека си го носи својот товар, а јас тука нема да постојам. Ако ти треба нешто јас ќе ти дадам, ќе ти испратам, но повеќе нема да доаѓам. И неговата мајка само еднаш го посети. Ни таа никогаш не го сакала, рекол пред три месеци пејачот кој сега се наоѓа во критична состојба во болницата во Тузла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тригодишно девојче тешко повредено откако лифт ненадејно се отворил и затворил
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
-

26-годишник од Тетово на сила одзел електричен тротинет од малолетник
-

Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници
-

Идниот месец ќе има редовно усогласување на пензиите согласно со законот, сè уште траат пресметките
-

Ангелов: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите
-

Мицкоски до Филипче: Се согласувам дека не сме исти и среќен сум поради тоа
-

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка
