-->
-->
Драма на Сузука, пол позиција за Розберг
-->
Со само 13 илјадинки од секундата водечкиот во генералниот пласман Нико Розберг успеа дури во последните секунди од квалификацискиот тренинг да ја освои пол позицијата за утрешната трка за ГН на Јапонија од шампионатот во Формула 1.
Германецот беше втор зад Хамилтон пред последното излегување на патеката но успеа да ја обезбеди 8-та пол позиција во оваа сезона. За Розберг, кој има 23 поени предност пред Хамилтон во генерален пласман на пет трки пред крајот, ова исто така е и трета пол-позиција во низа во Сузука.
Кими Раиконен во Ферари повторно беше најблискиот ривал на Мерцедес со третото место, победувајќи го својот колега Себастијан Фетел седми пат оваа сезона. Фетел, сепак, нема да стартува како четврти, туку како седми по казната од три места за судирот на Малезиското ГП пред две недели.
Трката се вози во 7 часот наутро в недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам