-->
-->
Драгана во шок: Ме излажа дека не пие, ни ја однесе ќерката во смрт
-->
Џабе му судите, него не му треба суд за да му се пресуди. Тој е веќе казнет од Бога, ни ја однесе ќерката во смрт. Со солзи во очите Драгана Калајџиќ, мајката на шестгодишната Ангела која замина во смрт, ја раскажа својата тажна приказна.

- Ми го возеше детето пијан и го однесе во смрт. Не му судете, се е залудно. Бог ќе му пресуди за ова! За него не постои казна на овој свет!, вели Драгана за својот сопруг, кој пијан седна во својот автомобил и направи сообраќајка во која загина неговата ќерка, 6-годишната Ангела.
Таа додава дека дошла од Германија за да биде со ќерка си, а она што го нашла е како детенцето и лежи во ковчег: - Не се смееше не плачеше, само лежеше студена. Ја облеков во бело и ставив кики. Ми беше ангелче, ми беше се!, вели потиштената Драгана.
Таа со сопругот живеела вонбрачно седум години, но решила да го остави бидејќи секојдневно физички и психички ја малтретирал. Престанал да пие и таа затоа се одрекла од старателството. Се потрудил за својата ќерка.

- Ме излажа дека не пие, го проколнувам сто пати, додава Драгана.
Инаку, лекарите се борат за животот на таткото, а неговата ќеркичка загина на лице место во несреќата. Нека почива во мир!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, Македонија забрзува
-

По втор пат во историјата, жена ќе биде главен судија на натпревар од Светско првенство
-

СП 2026: Кејн двоен стрелец во триумфот на Англија над Хрватска
-

УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени
-

Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за безбедноста, Украина и проширувањето
-

Меморандумот за разбирање прв чекор до конечен мировен договор помеѓу САД и Иран
-

Претставување на национален проект за превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
-

Состанок на министрите за одбрана на НАТО, меѓу нив и Мисајловски
