ДПМ ќе подари книги на библиотеките што ги носат имињата на Конески, Јаневски и Шопов

По повод претстојното одбележување на јубилејот 70 години од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, на библиотеките што ги носат имињата на основоположниците на македонската писателска асоцијација Блаже Конески, Славко Јаневски и Ацо Шопов, ДПМ ќе им подари по 1000 книги.
На пригодна книжевна програма, на која ќе настапат членови на ДПМ, книгите ќе бидат подарени на библиотеките во основните училишта „Блаже Конески“ и „Ацо Шопов“, како и на библиотеката на читалиштето „Славко Јаневски“ во Скопје.
Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, а негов прв претседател беше големиот македонски поет, лингвист и книжевен научник Блаже Конески.
- Во изминатите седум децении во ДПМ своите творечки и организациски заложби ги здружија 540 писатели кои создадоа илјадници дела во областа на поезијата, романот, расказот, драмата, критиката, есеистиката и литературата за деца, се вели во соопштението од Друштвото на писателите на Македонија.
Свечениот собир по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на ДПМ ќе се одржи на 16 февруари во 12 часот во Домот на македонските писатели. На свеченоста ќе бидат врачени наградите за најуспешни книжевни дела објавени минатата година.
Ново на Сител
-

Електричен тротинет да управуваат само полнолетни лица - Владата предлага построги правила
-

Вработени на ЈУ Националан парк „Пелистер“ спасија срнче на планината Баба
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
-

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ
-

ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи
-

Кривични против сопствениците и управителите на две фирми, незаконски се стекнале со над 50 милиони денари
-

ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
