ДПМ ќе ги врачи годишните награди по повод 69-тиот роденден
Друштвото на писателите на Македонија денеска на годинашните добитници ќе им ги врачи петте награди за најдобри остварувања во 2015-та, на свечен собир по повод својот 69-ти роденден.
Годинашни лауреати се писателите: Оливера Николова која ја доби наградата „Стале Попов“ за прозната книга „Кадифената покривка“; Славе Ѓорго Димоски - награда „Ацо Шопов“ за стихозбирката „Јазичен триптихон“; Весна Мојсова-Чепишевска - награда за есеи и критика „Димитар Митрев“ за книгата „Семеен албум“; Велко Неделковски - награда за литература за деца „Ванчо Николески“ за „Златко - Златец“ и Јусуф Едип, кој доби награда „Книжевен мост“ за најдобра книга на некој од јазиците на националностите, за стихозбирката „Прашинка“ објавена на турски и на македонски јазик.
Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година од писателите: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. Прв претседател на ДПМ бил Блаже Конески.
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ