ДПА ќе бара правична распределба на буџетот

ДПА денеска на прес-конференција обвини дека Албанците во Македонија се дискриминирани на економска основа и оти од 2219 поднесени, прифатен им е само еден амандман. Партијата ќе продолжи да бара фер и правична распределба на буџетот и правни механизми за да се гарантира оваа распределба.
- Во изминатите шест дена, преку 219 амандмани на ДПА за ребаланс на буџетот, Албанците беа во можност да видат јасен доказ за дискриминацијата што им се прави, во економска сфера, инфраструктурата, здравството, културата, образованието, отворање нови работни места..., рече пратеникот на ДПА Газменд Ајдини.
Буџетот, рече тој, е одраз на економските и развојните политики на земјата, и како таков, не треба да биде дискриминаторски.
Според партијата, од ДУИ и оваа година за Албанците не кажале ниту еден збор, туку тоа го сторил вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
- Ова е уште еден доказ дека Али Ахмети со неговите министри се заробени во корупција и организиран криминал, изјави Ајдини.
Еден амандман на ДПА е прифатен од 219 поднесени за ребалансот на Буџетот. Прифатен е амандманот за проширување на резервоар за вода во село Копаница, Општина Сарај.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни
-

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
