Дождот не запира, еве каде беше најкритично - УХМР со вонредна најава
Дождот не запира од вчера. Најмногу наврна во Куманово и тоа 20 литри, па во Скопје 14, Демир Капија 6, Дојран и Дебар 3 литри, 2 во Битола, Пожаране и Крушево и 1 во Ѓуриште, Претор, Виница и Струмица.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој најсилен се очекува да биде на североистокот од земјава. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Од утре до сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност, а нов влажен бран со врнежи од дожд и појава на грмежи се очекува в недела, кога ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на дневната температура.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден