Дожд ја поремети програмата на турнирот во Рим

Откако вчера поради дождот не се играше тенис во Рим, организаторот денес најавува дупла програма, што значи дека најдобрите светски тенисери, во четврток, ќе мора да по два пати да излегуваат на терените на „Форо Италико“.
Временските прилики во Рим, вчера не им дозволија на фанови да уживаат во тенисот, но затоа денес ќе имаат двојна програма која ќе трае сигурно до полноќ.
Новак Ѓоковиќ, Рафа Надал, Роџер Федерер и останатите денес би можеле да одиграат по два меча.
На пример Ѓоковиќ игра со Денис Шаповалов, а доколку победи во вечерниот термин ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Филип Колшрајбер и Марко Чекинато.
Роџер Федерер доколку слави над Жоао Соуза вечерва ќе се соочи со хрватскиот тенисер Борна Чориќ.
Прва пречка денес за Рафа Надал е Жереми Шарди, а во случај на победа Шпанецот ќе игра против Николоз Басилашвили.
Довјна програма ги очекува и победниците од дуелите Хуан Мартин дел Потро-Давид Гофан и Ник Кирјос-Каспер Руд.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
