Досега 42.054 повици на „Ало докторе“

Од 15 септември лани досега на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ се регистрирани 42.054 повици. За една недела, од 6 до 12 јули на 02/15 123 има 1.005 повици.
Како што информира денеска Министерството за здравство, јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, покачен крвен притисок и симптомна болка.
Со затоплување на временските услови, како што се наведува, многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.
Телефонската линија е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
- На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Министерство за здравство.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
