Дополнителна финансиска поддршка за затворените грчки бизниси во месец април

Зголемен надомест за специјална намена меѓу 1.000 и 4.000 евра за бизнисите што имаат до 50 вработени, а со одлука на државата остануваат затворени во месец април, соопшти утрово министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас и истакна дека новата додатна финансиска подршка достигнува до 130 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Објасни дека новата мерка е донесена земајќи ги предвид последните одлуки на здравствено ниво и се однесува околу 100.000 бизниси во туристичкиот сектор, во културата, спортот, транспортот, ги вклучува и фитнес центрите, игротеките итн.
Исто така, вклучени се и 10.800 продавници од регионалните единци Солун, Ахаиа и Козани, за кои во последен момент беше променета одлуката и наместо денеска да отворат како во останатите делови на Грција, останаа затворени, поради влошената епидемиолошка состојба.
Додатокот е неповратен и ослободен од данок, а висината е во зависност од бројот на вработени.
За бизнисите чиј персонал е до пет лица ќе добијат 1.000 евра, оние кои имаат до 20 вработени, 2.000 евра, а 4.000 евра се предвидени за бизнисите кои имаат од 21 до 50 вработени.
Министерот за финансии на Грција потсети дека за сите бизниси што се соочуваат со рестрикции и за месец април важат мерките од претходниот период како што се: седмиот циклус на повратниот аванс, ослободување од плаќање кирија, исплаќање надоместок за специјална намена и целосно покривање на придонесите за осигурување на вработените чии договори се привремено прекинати и сл.
-Со горенаведените интервенции, уште еднаш докажуваме дека го слушаме општеството и неговите потреби, внимателно го следиме развојот на здравствено ниво и веднаш интервенираме со ефективни и социјално праведни мерки, истакна Стајкурас.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
