Дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај на патот пред ГП „Блаце“
На патот ГП „Блаце“ – Скопје, на потегот каде се во тек градежни работи, од утре се воведува дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
-ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП „Блаце” – Скопје (клучка „Стенковец”) Подделница 1 – проширување на постоен пат А4 од ГП „Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2 километри пред ГП „Блаце” од 17.06.2022 година на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој, соопшти АМСМ.
Упатува препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен